Македонија
9. March 2016 - 15:18

ТРАГЕДИЈА: Млада девојка паднала од 9-ти кат во Аеродром

Млада девојка утрово околу 11 часот паднала од 9 кат во скопската населба Аеродром.

Од полицијата потврдуваат дека настанот е пријавен претпладнето. Од таму немаат информации дали станува збор за несреќен случај, самоубиство или пак некакво кривично дело.
 
Девојката на возраст од 21 година, починала како последница на повредите добиени од падот.
 
Повеќе детали најавуваат по завршувањето на увидот.