Фудбал
26. јуни 2017 - 12:19

Трагедија: Млад голман почина среде натпревар

Нова трагедија во фудбалот, 17-годишниот Колумбиец Бруно Канјете почина во саботата, за време на натпревар со Парагвај.

Младиот голман доби силен удар во главата а поради отсуство на медицинска помош на стадионот немаше кој да му помогне,

Локалните медиуми јавуваат дека тој се вратил во игра но по некое време паднал на теренот и починал по што натпреварот е прекинат.

Откако младиот голман се онесвестил, пристигнала итна помош од локалната болница, но веќе било доцна, можеле само да констатираат смрт.

А дека имало отсуство на медицински тим потврди и голманот на Парагвај.