Балкан
30. November 2015 - 10:51

Трагедија - Мистериознo почина младо момче

Во Нови Пазар се случи вистинска трагедија кога ноќна меѓу петокот и саботата беше пронајдено безживотно тело на маж кој починал во засега неразјаснети околности. Телото на несреќниот маж било најдено во напуштен хангар, а сега е предадено на обдукција.
 
- Никој не знае кое е младото момче кое е пронајдено. Тука често се собираат бездомници и крадци. Најчесто го сечат лимот за да го продадат и да заработат пари. Веројатно го сечел лимот и паднал, по што починал на лице-место. Не е познато кое е момчето, вели извор на истрагата.
 
Итната помош потврди дека имало починато момче но дека детали не се познати.