Балкан
26. August 2015 - 13:48

Трагедија: Ми кажа „Бабо ќе се вратам" и го дочекав мојот внук во ковчег

 
Нада Томиќ од Србија, бабата на настраданиот Милош Томиќ (25) кој заедно  со Александар Јовановиќ (20) загинаа во сообраќајна несреќа, откако изгоре БМВ-то на ибарската магистрала,  раскажува  што претходело за трагедијата, пренесува вечерне новости.
 
- Лута сум на мојот Милош, бабино око плаво. Пред да тргне во град ми рече - „Бабо чекај ме, брзо ќе дојдам“. И еве дочекав на баба единецот да се врати во ковчег. 
 
Бабата на Милош ја продолжува својата приказна...
 
- Милош минатиот петок се подготвуваше да оди кај својата девојка Јелена. Долго се дотеруваше, и кога конечно излезе од тоалетот, морав да се нашалам со него. Му реков дека личи на девојче, но и дека сум горда што мојот внук е толку згоден и убав. Го затекнував и претходно со други девојки, но таа вечер ми реќе дека Јелена е онаа вистинската и дека мора  поради тоа да биде убав и дотеран. Ми призна дека че ја запроси...
 
И навистина МИлош замина кај неговата Јелена.
 
- Родителите на Јована биле на море и таа одлучила таа вечер да ја помине со Милош и со уште неколку другари. Што точно се случувало и како дошло до тоа мојот  единец да настрада, се уште нас не ни е јасно, вели бабата на Милош.
 
Таа раскажува дека децата се дружеле до доцните часови. Еден од другарите на Милош бил уморен и го замолил да му го даде својот автомобил за да се врати дома. Милош му ги дал клучевите...
 
- Слушнавме дека Милош и Аца, таа ноќ кај Јелена се договориле за кумство. Меѓутоа никој не знае како воопшто дошло до тоа Милош и Аца да седнат во другиот автомобил и да настрадаат на магистралата, Нада низ солзи ја завршува приказната