-->
-->
Трагедија: Ми кажа „Бабо ќе се вратам" и го дочекав мојот внук во ковчег
-->
Нада Томиќ од Србија, бабата на настраданиот Милош Томиќ (25) кој заедно со Александар Јовановиќ (20) загинаа во сообраќајна несреќа, откако изгоре БМВ-то на ибарската магистрала, раскажува што претходело за трагедијата, пренесува вечерне новости.
- Лута сум на мојот Милош, бабино око плаво. Пред да тргне во град ми рече - „Бабо чекај ме, брзо ќе дојдам“. И еве дочекав на баба единецот да се врати во ковчег.
Бабата на Милош ја продолжува својата приказна...
- Милош минатиот петок се подготвуваше да оди кај својата девојка Јелена. Долго се дотеруваше, и кога конечно излезе од тоалетот, морав да се нашалам со него. Му реков дека личи на девојче, но и дека сум горда што мојот внук е толку згоден и убав. Го затекнував и претходно со други девојки, но таа вечер ми реќе дека Јелена е онаа вистинската и дека мора поради тоа да биде убав и дотеран. Ми призна дека че ја запроси...
И навистина МИлош замина кај неговата Јелена.
- Родителите на Јована биле на море и таа одлучила таа вечер да ја помине со Милош и со уште неколку другари. Што точно се случувало и како дошло до тоа мојот единец да настрада, се уште нас не ни е јасно, вели бабата на Милош.
Таа раскажува дека децата се дружеле до доцните часови. Еден од другарите на Милош бил уморен и го замолил да му го даде својот автомобил за да се врати дома. Милош му ги дал клучевите...
- Слушнавме дека Милош и Аца, таа ноќ кај Јелена се договориле за кумство. Меѓутоа никој не знае како воопшто дошло до тоа Милош и Аца да седнат во другиот автомобил и да настрадаат на магистралата, Нада низ солзи ја завршува приказната
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина