Македонија
20. September 2019 - 11:42

Трагедија кај Градско: Воз усмрти млад Пакистанец

Трагедија во блзиина на Градско, загина млад Пакистанц. Според информациите од МВР, вчера  во 18:40 часот, патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, во близина на с.Ногаевци, општина Градско, удрил во А.И.(23) од Пакистан, кој починал на местото.

Со него бил и Р.М.(30) од Пакистан, кој бил предаден на полициски службеници и бил префрлен во Прифатниот центар за странци – Гази Баба во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.