Македонија
28. March 2017 - 14:47

Трагедија ја потресе Македонија: Мртов маж пронајден во комбе

Трагедија ја потресе Македонија, во текот на вчерашниот ден во 11 часот и 30 минути во Полицијата во  Чашка, Б.Ј. од селото Чашка, велешко, пријавил дека во близина на селската чешма, во возило, на возачкото место бил пронајден починат маж.

Се работи за 40-годишниот Б.Б. од Велес. Смрт без траги на насилство е констатирана од страна на екипа од Итната медицинска помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител над  телото на починатиот ќе се врши обдукција.