Македонија
28. November 2016 - 10:21

Трагедија ја потресе Македонија: Излетал од патот и починал

Страшна сообраќајна несреќа синоќа се случи на патот Струга- Ќафасан, и за жал едно лице го загуби животот. Се работи за 38-годишниот Севдали Ќ од Струга кој во 9 часот и 40 минути починал на местото  „Василев дол“ кога по магистралниот пат во правец од граничниот премин „Ќафасан“ кон Струга управувал патничко моторно возило „Форд Фиеста“со струшки регистарски таблици.
 
Поради неприлагодена брзина кон условите и состојбите на патот, сега починатиот изгубил контрола врз возилото, преминал на спротивната страна од патот и излетал надвор од  коловозот.