Трагедија ја потресе Македонија: 10 жртви во страотната сообраќајка
Во исчекување на официјална потврда за денешната страотна несреќа на патот Скопје - Тетово, репортерите на Сител од теренот јавуваат за најмалку 10 загинати.
МВР се уште не соопшти колку загинати и повредени има во превртениот автобус кај Ласкарци, кој сообраќал на релација Скопје - Гостивар.
Од Градската хирурршка болница официјално соопшти дека починале 4 лица, а за животот на петто лице, патник од автобусот се уште се борат.
Петмина од повредените се згрижени во Ургентниот центар, и според изјавата на д-р Хасани за Сител и се животнозагрозувачка состојба на кои итно им е потребна хируршка интервенција.
Меѓу овие повредени има и една трудница, а останатите се возрасни лица. Поради сериозноста на повредите мобилизиран е целиот медицински персонал на Ургентниот центар и ослободени се сите операциони сали, изјави д-р Хасани.
Ново на Сител
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024