Балкан
17. October 2016 - 13:06

Трагедија го потресе регионот – дете откако изело јајце починало

Хрватското градче Брегана го погоди семејна трагедија, кога петогодишно дете почина од труење со салмонела, додека неговите две сестри се во критична состојба.
 
Брзата помош која пристигнала во домот на сиромашното семејство Видовиќ, можело само да ја констатира смртта на малиот Мирко. Соседите велат дека изутрина го нашле мртво момче во кревет.
 
Предраг и Босилка, татко и мајка на починатото момче, се уште се наоѓаат во болница поради тешка зараза. Надлежните органи земале мостри за испитување од куќата на семејството, при што резултатите покажале дека во јајцата кои ги нашле во нивниот дом е изолирана саломнела.
 
Според неофицијалните податоци, несреќното семејство јајцата ги купило од голем трговски синџир, а наводно се увезени од Полска. Јајцата се повлечени од продажба, но не се знае колку семејства досега ги имаат купено и конзумирано.