Македонија
19. February 2016 - 12:00

Трагедија го потресе Прилеп: Почина родилка, бебето преживеа

Жена починала ноќеска при породување во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп.

Жената починала ноќеска околу 1.50 часот, а новороденчето е живо, од машки пол.

Засега од болницата и од Министерството за здравство нема други детали за случајот. Директорот на болницата Петар Ристески најавија прес-конференција на којашто ќе биде соопштено што точно се случило.

Жената околу 14 часот се породила спонтано во нормална гестациска недела и ова и е второ дете.