Македонија
14. August 2015 - 13:10

Трагедија го потресе Кратово, загина детенце

Тригодишно дете загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случила во село Туралево, Кратовско откако возило мерцедес со бугарски регистерски ознаки управувано од М.С.(45) од Крива Паланка удрило во детето. 

Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 20:30 часот, а детето кое во сообраќајката се здобило со тешки телесни повреди починало на самото место.

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.