Балкан
13. April 2019 - 15:43

Трагедија го потресе Балканот: Тргнале на работа па завршиле во провалија

 

После повеќе часовна потрага, извлечени се тела на четири жени од коритото на реката Миљацка во Босна.

Во несреќата настрадале, Мерема Балкиќ, Алмира Чоровиќ, Мина Кадриќ и Лејла Сасдиковиќ.

Полицијата се уште врши увид, а четирите жени работеле во основното училиште „Ковачици“ во Сараево.

Тие со автомобил излетале од патот и паднале во реката.

Вработените во училиштето се шокирани од веста дека загинале педагог, наставничка, хигеничарка и поранешна директорка на училиштето.

Автомобилот паднал во провалија од 100 до 200 метри.