Трагедија го потресе Балканот: Се удави тричлено семејство, како и момчето што се обиде да ги спаси
Четири лица загинаа откако чамец се превртел денеска на Скадарското Езеро, во близина Врањина во Црна Гора. Се работи за тричлено семејство и момче, кое се обидело да ги спаси.
Според наводите на медиумите, чамецот со неколку лица во него се упатил во обиколка на тамошниот манастир. Поради силното невреме со дожд и силен ветер, кое го зафати подрачјето на Скадарското Езеро, големите бранови го превртиле чамецот.
Еден од лицата кои успеале да допливаат до брегот за тамошните медиуми изјавил дека во несреќата настрадале мајка, татко, ќерка и момче што се обидело да ги спаси.
Можеа да се спасат, но мајката се обиде да го спаси своето дете, па и таа загина. Таткото се удави додека се обидуваше да ги спаси, исто и момчето што тргна да им помогне, раскажал тој.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари