Фудбал
6. May 2016 - 23:09

ТРАГЕДИЈА: Фудбалер на почина вечерва среде натпревар

Нов смртен случај го зави во црно фубалот, на натпревар почина фудбалерот на Динамо Букурешт Патрик Екенг за време на мечот со Виторул, каде паднал, за неколку минути подоцна да почина во болница.

Иако сите се надеваа дека ќе успее да победи, срцето на 26 годишниот фудбалер од Камерун не издржа.

Трагедијата се случи во 70 минута кога Екенг се сруши на теренот додека оклу него немаше никого.

Натпреварот веднаш е прекинат, лекарите втрчаа во теренот и несреќниот фудбалер беше пренесен во болница, која е на само две минути од стадионот во Букурешт.