Македонија
3. August 2018 - 15:57

Трагедија: Двајца возачи загинаа во директен судар на два камиони на патот Штип - Велес

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Штип - Велес.

Според самостојниот инспектор за сообраќај во СВР Штип Владо Петров,  несреќата се случила во 14:15 часот меѓу возило влекач и товарно возило.

Двете возила директно се судриле со што двајцата возачи на лице место се починати, а повредени се и две лица кои се транспортирани во штипската клиничка болница.

Во тек е увидот од страна на истражните органи, а сообраќајот на магистралниот пат Штип - Велес се пренасочува по регионалниот по стариот регионален пат Штип-Велес.