Балкан
11. January 2019 - 14:19

Трагедија: Двајца скијачи загинаа во Банско

Како што пишуваат бугарските медиуми, девојка и момче загинале денеска по паѓање на лавина во Пирин, во регионот на Банско.
 
Наводно, жртвите сами ја предизвикале лавината.
 
Прво било откриено едно од телата, а малку подоцна и другото.
 
На местото работел целиот одред на Планинска спасителска служба – Банско, заедно со кучиња трагачи.
 
Оттаму препорачуваат скијачите и сноубордистите да не се оддалечуваат од пистите и да не навлегуваат во опасни зони.