Свет
16. August 2016 - 13:32

Трагедија: Девојче се удави додека правело селфи, по неа и родителите

Едно 11-годишно девојче се удави во река на северот од Пакистан додека се обидувала да направи селфи, а во обидот да ја спасат се удавиле и нејзините родители, соопштија локалните власти.

Родителите и детето се удавиле во брзата и длабока река Кунар која тече низ провинцијата Хајбер - Пахтува, околу 200 километри северно од Исламабад, на која често се организира рафинг.

-Девојчето Сафија Атиф се обидело да направи селфи, но се лизнало и паднало во водата, велат од полицијата, повикувајќи се на изјави од сведоци.

Мајката на Сафија, Шазија Атиф потоа скокнала да ја спаси ќерката, но водата ја однела, а скокнал и таткото кога видел дека му се дават ќерката и жената, но и тој загинал.

Телата на жената и ќерката се пронајдени, а по телото на таткото се трага.

Родителите биле лекари од провинцијата Панџаб, кои дошле на одмор во регионот каде се случила несреќата.

Брачната двојка имала и 9-годишна ќерка и 6-годишен син кои исто така биле сведоци на несреќата.