Балкан
9. January 2017 - 19:22

Трагедија: Дете се уби со татковата пушка

Во несреќа што денеска се случи во Сараево смртно настрада дете кое случајно испукало куршум од пушката на својот татко.

Од сараевската полицијата велат дека несреќата се случила околу 12.30 часот на подрачјето на општина Нови Град и дека во неа смртно настрадало едно дете.

Несреќата се слчучила во семејната куќа во која детето, според неофицијални информации, ја пронашло пушката на таткото и случајно испукало крушум што го погодил во главата.

На местото на несреќата Итната помош констатирала смрт кај детето.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.