Балкан
27. March 2016 - 18:22

Трагедија: Дедото загина, тројца внуци повредени

Возрасен човек загина, а пет лица се повредени, меѓу кои и три деца, во тешка сообраќајна несреќа која во саботата вечер се случи во центарот на Мали Пожаревац, во близина на Сопот.

Повредените деца имаат 13, 9  и 5 година. Трагедијата се случи во 20.20 часот кога се судрија „мазда“ со белградски таблички со која управувал Г.Л. и „голф“ исто така со белградска регистрација со која управувал Д.Р.

Шеесетгодишниот Д.В. кој загинал на самото место и петмината повредени се наоѓале во маздата, а нејзиниот возач останал неповреден.

Како што дознава Курир, освен децата повредени се и нивната мајка и баба, а се претпосатвува дека починатиот е нивниот дедо.

Итната помош дошла на самото место, но можела само да констатира смрт кај Д.В. додека повредените се пренесени во Угентниот центар.

-Повредените патници од „маздата“ биле во свесна состојба кога Итната помош пристигнала на местото на несреќата, велат извори.

Тие синоќа биле на дијагностицирање во Ургентиниот центар.