Македонија
9. August 2017 - 14:43

Трагедија: Четиригодишно девојче се удави во Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 47-годишниот Д.Т.и 37-годишниот З.А. од Куманово, двајцата управители на Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги ПРЕМИУМ МИНЕРАЛИ ДТ ДОО увоз-извоз Куманово за  сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност” во врска со кривично дело ,,тешки дела против општата сигурност”, додека правното лице е пријавено за ,,предизвикување општа опасност”.

Пријавените на 24.11.2012 година со Министерство за финансии, склучиле Договор за концесија за експлоатација на минерална суровина- термоминерална  вода на локалитет село Проевце-Општина Куманово, со што постапиле спротивно на член 6 од претходно наведениот договор-односно не превзеле никакви мерки за обезбедување на објектот, заради што на 31.07.2016 година во базенот се удавило четиригодишно девојче од Куманово.