Балкан
31. March 2016 - 9:44

Трагедија: Четиригодишно детенце почина во возило на Брзата помош

Трагедија го потресе Ниш. Детенце на возраст од четири години починало вчера во 9 часот и 18 минути, додека го транспортирале од Домот на здравството во Клиничкиот Центар. Како што соопштува потпаролот на Брзата помош, Душан Гостовиќ, детето итно морало да биде пренесено во болница, но за жал починало на пат кон неа.

- Ние примивме повик дека треба да се пренесе дете од Домот за здравство до Клиниката во Ниш. Во текот на транспортот веќе не покажуваше знаци на живот. Веднаш почна реанимацијата, но залудно. Детенцето за жал почина, вели потпаролот на Брзата помош.

Засега не е позната причината за смртта на детенцето. Се испитуваат околностите.