Живот
30. August 2017 - 14:27

Трагедија: Бебе почина во автомобил, мајката го заборавила брзајќи за на работа

Карен Осорио - Мартинез (35) која работи во една позната компанија во Охајо ја заборавила својата едногодишна ќерка во автомобил на голема жештина зошто доцнела на работа.

Бебето починало од жешкото, а мајката кобната грешка ја забележала дури по 9 часот кога и се јавил сопругот дека дошол по девојчето во градинка, а тоа не било таму.

Карен довојчето го возела кон 5 минути оддалечената градинка, но кобниот ден брзала.

Осорио-Мартинез инаку е биологичарка, а и нејзиниот сопруг е научник кој работи за истата компанија, производител на светски бренд.

По истрагата ќе биде познато дали против мајката ќе биде покренато обвинение.