Трагедија: "Беа како заљубени тинејџери, а сега ја погребуваме Даниела"
Во присуство на роднините и пријателите, 38-годишната Данијела Пантовиќ, мајка на три деца, беше испратена во вечниот дом откако нејзиниот сопруг случајно ја застрела во домот.
47-годишниот Владимир Пантовиќ за погребот беше пуштен од притвор за да и каже последно збогум на саканата.
Сите повторувале како Данијела и Владимир имале одличен брак, имале љубов и разбирање, па со неверување во очите говореле за српскиот Ало, дека никој не очекувал ваква трагедија.
- неодамна бевме на слава, таа слика од нив двајца не ми излегува од глава. Беа насмеани, заљубени, играа, се држеа за рака, а сега сме на нејзиниот погреб, вели пријател низ солзи.
Пријателите на Владимир не веруваат што се случило, тој одел на риболов, имал пушка и муниција, но велат бил искусен.
Трагедијата се случи додека семејството дома имало пријател на кој Владимир му ја покажувал пушката. Тој ја застрелал сопругата не знаејќи дека има куршум во цевката.
Сега е вратен во притвор каде ќе помине 30 дена до сослушувањето.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација