Свет
29. August 2017 - 10:17

Трагедија: Автобус од мост падна во река, 14 загинати

Најмалку 14 луѓе починаа, а десетици се повредени откако автобус паднал од мост по судар со камион, пренесува Танјуг.

Како што соопшти Министерството за здравство на Египет вкупно се повредени 42 лица, а несреќата се случила во провинцијата Бени Суеф на околу 100 километри јужно од Каиро.

Египетското Министерство не прецизира кога точно се случила несреќата, јавуваат локалните медиуми, кои пишуваат дека ваков вид на несреќи се чести во оваа земја поради лошите патишта и непочитување на сообраќајните знаци од страна на возачите на товарни возила и автобуси.