Трагедија: Ангела ја уби гром на гробот на својот татко
Беше сонувач, нежна уметничка душа, живееше за музиката. Некој нека ми каже, има ли правда, што така добри луѓе заминуваат, рече плачејќи Наташа Реиќ Матковиќ, сплитска пејачка и пријателка на Ангела Бонацин (32) од Каштел Суќурац.
Ангела (32) трагично настрада од удар на гром во текот на неочекуваната бура во петокот околу 9.20 часот. Со пријателката (39) отишла во Суќорац, на падините на Козјак, каде е светилиштето на Госпа на Хлад. Носела цвеќе на гробот на својот татко Дуе. Се помоли за него во пресрет на празникот свети Дуе, неговиот именден. Таткото неочекувано и починал во јануари минатата година од срцев удар.
Гледајќи во црните облаци, Ангела и пријателката тргнале кон дома. Наеднаш почнало силно грмење, а потоа и дожд проследен со град. Тие двете се скриле под 20-метри високиот чемпрес на влезот од гробиштата кога во него силно удрила молња.
Од ударот стеблото од чемпресот се расцепило и парчиња дрва и гранките летале на сите страни. Двете девојки останале да лежат на земја.
Набрзо дошле возила на брзата помош и се обидела да ја реанимираат Ангела, но и немало спас. од ударот на громот се здобила со изгореници.
-Цел ден беше сончево, но се виде дека се собираат облаци над Козјак. Кога почна да грми, се уште имаше сонце. Неколку пати удри громот толку гласно што се наеживме и ние што не се плашиме од грмотевици. Како што слушнавме, удрил гром и во далекуводот, говорат шокираните мештани.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот