Свет
16. February 2017 - 9:22

Трагедија 10- годишно момче го згмечило полица во бутик

10- годишниот Каден Редик од Велика Британија, починал во болница откако врзнего паднала полица во продавница за текстил.

Тешките бели полици сега се повлекуваат од употреба во преку 300 продавници, а еден од продавачите рекол дека тоа не смеело да се случи, но тоа не е утеха за неговите родители и неговата тетка со која бил во шопинг.

- Овој ден на вљубените е потсетник за сите да го живеат живот без двоумење, бидејќи секоја секунда на светот е многу важна. Ние го загубивме својот ангел, пред да наполни11 години следниот месец, а тој беше секогаш насмеан - напишала неговат тетка на профилот, според Daily Mail.

Продавницата во која се случила несреќата е затворена поради полициска истрага зошто сеуште не е јасно дали полицата сама паднала или момчето ја повлекло.