Македонија
9. March 2020 - 9:46

Трагедија: 10-годишно девојче пронајдено удавено во водите на Мала река во село Бањица

Десетгодишната Ешуриме Беќирова од село Бањица која вчера утрото исчезна и се бараше во надојдените води на Мала река, утрово е пронајдена под селото, извести градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски на својот Фејсбук профил. Потрагата траела во текот на целиот вчерашен ден и утрово.
 
„Голема загуба за граѓаните на општина Чашка,училиштето Тодор Јанев во нас.Чашка ,семејството Беќирови и сите нас. Сочуство до семејството“, напиша Стојановски на Фејсбук.