Loading Video...
Свет
27. November 2022 - 19:36

Трае потрагата по исчезнати лица во свлечиштето во Италија

Спасувачките екипи се уште трагаат по десетина лица кои исчезнаа во лизгање на земјиштето на Италијанскиот остров Искија.

Во одронот се повредени 13 лица, а официјално е потврдено дека едно лице го загубило животот. Свлечиштето предизвикано од обилните дождови направи голема материјална штета, прекин на електричната енергија, а во тек е евакуација на семејствата чии домови се најпогодени.