Македонија
13. November 2018 - 8:36

Традиционална крводарителска акција по повод 13 ноември

Црвен крст на Град Скопје, со поддршка на Општинската организација на Црвен крст Карпош, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје организира крводарителска акција.

Акцијата ќе се реализира во просториите на Дневниот центар за дарување крв на Црвен крст на Град Скопје во ДХО Даре Џамбаз во периодот од 9:00-17:00 часот.

Кон оваа акција ќе се приклучат вработените и менаџментот од Рамстор, по повод нивното 13 годишното постоење и нивната општествено одговорна визија.