Македонија
21. March 2016 - 11:28

Традиционална градска трка во Берово на првиот ден од пролетта

Стотина учесници ќе бидат дел од традиционалната градска трка по повод првиот ден од пролетта во Берово.
 
Градската трка е дел од програмските активности за развој и поддршка на спортот на Општина Берово истакна Зоран Нешкевски од Општина Берово.
 
- Во градската трка учесниците се поделени во две групи, односно учествуваат по две групи ученици од основното училиште, исто така и две групи ученици од средното училиште, каде ќе се приклучат и граѓани на Берово. Денеска е убав денот и е задоволство да се биде дел од оваа активност, истакна Нешкевски.
 
Трката ќе се одвива по дел од улицата „Даме Груев“ со стартна точка од влезот на ОСУ „Ацо Русковски“ и дел од улицата „Маршал Тито“ со целна позиција на влезот на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“, а патеката е со должина од околу 1 км.
 
Трката започнува во 12.30 мин, а за првопласираните три места ќе се доделат парични награди.