Традиционален планинарски марш во чест на Борис Трајковски
Десетина планинари од Струмица, Валандово, Радовиш и Неготино по четиринаесетти пат ќе маршираат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски.
Маршрутата долга 200 километри ја почнаа пред споменикот „Македонија“ во Струмица, подигнат во чест на Трајковски.
Тие на 26-ти овој месец треба да пристигнат на гробот на вториот македонски претседател на гробиштата Бутел во Скопје и да се приклучат на одбележувањето на 15-годишнината од смртта.
-Целта на оваа наша активност како планинарски клуб е да го одбележуваме денот на загинувањето на претседателот Борис Трајковски, но и помладите генерации секогаш да ги потсетуваме на човекот кој ги сакаше сите спортови, се радуваше на успесите на сите спортисти, човекот кој ги сакаше сите граѓани, неделејќи ги по ниту една основа. Човекот кој се залагаше за силна Македонија, човекот кој најмногу ја почитуваше и си ја сакаше Република Македонија, рече Никола Ристов од ПАОК „Ентузијаст“ од Струмица.
Пред тргнување планинарите положија цвеќе пред споменикот на Борис Трајковски, а на испраќањето присуствуваше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Освен до Скопје, шеесетина планинари од Македонија и Бугарија ќе пешачат и по падините на планината Беласица за време на претстојниот викенд.
Тие треба да се искачат на врвот „Ботра“ кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација