Македонија
6. December 2019 - 8:33

Традиционалeн македонско-словенечки појадок во Битола

Традиционалниот македонско – словенечки појадок ќе се одржи денеска во Битoла во организација на Амбасадата на Република Словенија и „Бага фуд“, во соработка со битолското средно училиште Јосип  Броз-Тито и Словенечкото здружение Триглав.

На македонско – словенечкиот појадок ќе присуствуваат амбасадорот на Словенија Милан Јазбец и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Цел на настанот, како што посочуваат организаторите, е промовирање на важноста за здравиот начин на исхрана кај младата популација, вклучително и важноста за зачувување на животната средина. Настанот во Битола ќе биде можност и заинтересираните ученици да се информираат за студирање во Словенија.