-->
-->
Традиција: Кумановските чевлари го празнува заштитникот Свети Спиридон
-->
Чевларите од Куманово утрово со сечење колач во црквата „Свети Ѓорѓи“ го почнаа празнувањето на нивниот заштитник Свети Спиридон и го извршија примопредавањето на кумството.
Традицијата на примопредавање на кумството потекнува од 1936 година кога преставниците на чевларскиот еснаф го празнувале својот заштитник. Фотографијата која сведочи за овој настан чевларите во Куманово ја примопредаваат секоја година на новиот кум.
- Оваа година беше успешна, посакуваме идната да биде уште поуспешна, изјави чевларот Борче Масевски, кој на прославата кој го предаде кумството на новиот кум, Среќко Стоилковски, сопственик на компанија за производство на чевли.
Според податоците на секторот за локален економски развој од општина Куманово и според информации од чевлари, во Куманово функционираат околу 60-тина претпријатија кои произведуваат готов производ или полуготов производ. Дел од нив извезуваат полуготови производи во Италија и Германија, мал процент извезуваат готов производ во Германија, Бугарија и Италија, а најголем процент ги пласираат производите на домашниот пазар.
Од Регионалниот синдикат Куманово немаат прецизни бројки колку вработени опфаќа оваа индустрија.
- Сметаме дека во оваа индустрија по која Куманово е познато не само на ниво на државата, туку и на Балканот по квалитетните производи ангажираат околу илјада до илјада и петстотини работници, изјави Гордица Бошковска,правен застапник од регионалниот синдикат.
Од Центарот за вработување Куманово пак информираат дека постојано има побарувачка од обучени кадри во оваа дејност
- Претходните години во средното општинско училиште „Перо Наков„ спроведе обука за дефицитарно занимање составувач на горен дел на обувки, изјави раководителот на Центарот за вработување, Милорад Тренчевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж