Фудбал
15. April 2017 - 16:30

Тотенхем убедливо го совлада Борнмут

Фудбалерите на Тотенхем лесно и убедливо со 4-0 го совладаа Борнмут во викенд колото во Англија и го продолжуваат притисокот врз градскиот ривал Челзи во битката за титулата. 

Дембеле и Сон уште во првиот дел ја најавија победата а третиот гол беше дело на повратникот во тимот Хари Кејн кој паузираше поради повреда повеќе од еден месец. 
Кончениите 4-0 ги постави Јансен во судиското надополнување. 
Тотенхем е втор со 71 бод  и 4 бода помалку од Челзи кој утре го игра дербито со Јунајтед.