Фудбал
19. September 2016 - 13:33

Тотенхем потпиша со Деле Али до 2022г

Играчот на Тотенхем, Деле Али (20) го продолжил договорот со Тотенхем до 2022 година. Али, во Тотенхем пристигна од Милтон Кинс во 2015 година. 
 
Деле Али во својата прва сезона на „Вајт Харт Лејн“, одигра 46 натпревари на кои постигна десет голови. Младиот играч ги има сите селекции на англиската репрезентација, а во октомври минатата година дебитираше за А репрезентацијата, за која настапи на Европското првенство.
 
Тотенхем не ги објави финасиските детали од новиот договор.