Фудбал
23. December 2016 - 9:36

Тотенхем и Лорис ја продолжија соработката

Тотенхем го продолжи договорот со Иго Лорис до 2022 година. Фрнацускиот голман пред четири години пристигна во клубот од Лион.
Едномесечните преговори помеѓу Тотенхем и капитенот Лорис завршија успешно, откако двете страни договорија продолжување на договорот до 2022 година. Финансиските детали од договорот клубот не ги објави.
 
Лорис во кариерата има одиграно 189 натпревари за клубот од „Вајт Харт Лејн“. Минатата сезона тој настапи на 37 од 38-те натпревари во Премиерлигата, на кои прими 35 голови што е најмалку во историјата на клубот.