Loading Video...
Фудбал
10. February 2019 - 17:01

Тотенхем го победи Лестер со 3-1

Екипата на Тотенхем забележа победа над Лестер со 3-1  во дуел од 26.коло на англиската Премиер лига. 
 
На средбата одиграна на „Вембли“ во Лондон, домаќините поведоа со голот на Давинсон Санчез во 33.минута. Во вториот дел. Гостите можеа да израмнат од пенал, но Џејмс Варди не успеа да ја реализира најстрогата казна. Затоа само три минути подоцна следуваше казна на спротивната страна па со голот на Кристијан Ериксен, Тотенхем поведе со 2-0.. 
 
Варди се извади за промашувањето откако во 76.минута намали на 1-2, но во самиот финиш на средбата односно 91.минута Хеунг Мин Сон ги постави конечните 3-1. 
 
Со оваа победа Тотенхем се зацврсти на 3.место на табелата зад Манчестер Сити и лидерот Ливерпул.