Ракомет
28. March 2016 - 9:02

Тоскиќ во тимот на колото

Ракометарот на Вардар Алем Тоскиќ по вторпат оваа сезона од Лигата на шампионите успева да избори место во најдобрата седморка. Тој претходно во идеалната постава беше во третото коло.

Лево крило: Андерс Егерт (Фленсбург)

Лев бек: Дмитри Житников (Висла)

Среден бек: Стефан Вујиќ (ППД Загреб)

Десен бек: Денис Бунтиќ (Кјелце)

Десно крило: Драган Гајиќ (Монпелје)

Пивот: Алем Тоскиќ (Вардар)

Голман: Никлас Ландин (Кил)

Best 7 на реванш осминафиналните дуели погледнете ги тука. 

Од вардаровите играчи еден од двата гола на Данил Шишкарев е како избор број 3 на колото, додека одбраната на Арпад Штербик во последната минута секако заслужено е избрана најдобра на колото.