Балкан
23. March 2016 - 8:39

Тоскас: Нема причини за загриженост во Грција по нападите во Брисел

Нема причини за загриженост во Грција по терористичките напади во Брисел, изјави грчкиот министер за заштита на граѓаните, Никос Тоскас.

Тој додаде дека Грција не е цел, но и покрај тоа треба да се има предвид дека низ земјата поминуваат голем број луѓе. 

Министерот даде уверување дека засега во Грција не се откриени групи или активности, кои треба да бидат причина за вознемиреност. 

По терористичките напади во Брисел сепак грчката полиција е во состојба на зголемена готовност. Зајакнати е мерките за безбедност пред Амбасадите и компаниите со белгиски и француски интереси, а исто и пред претставништва на други европски држави во Грција. 

Меѓународниот аеродром во Атина исто така работи под зајакнати мерки за безбедност.