Loading Video...
Кошарка
20. May 2019 - 14:54

Торонто по две продолженија го победи Милвоки

Екипата на Торонто ја намали предноста на Милвоки на 2:1 во победи во финалето на Источната конференција. 
 
Во синоќешниот трет меч одигран во Торонто „Рапторси“ забележаа победа  со 118:112 дури по две продолженија 
 
Каваи Ленард со 36 поени беше најдобриот во составот на Торонто, Сиакам постигна 25, додека кај Милвоки Хил реализираше 24.
 
И следниот меч во серијата подобар до четири победи ќе се игра на теренот на Торонто веќе во среда наутро, додека ноќеска во 3 часот по полноќ Портланд и Голден Стејт ќе го одиграат четвртиот меч во кој актуелниот шампион ќе влезе со предност од 3:0 во победи, па со евентуален нов триумф „Воините“ ќе изборат место во големото финале