Loading Video...
Кошарка
8. јуни 2019 - 15:17

Торонто го дели уште една победа од шампионскиот трофеј во НБА лигата

 
 
 
 
Екипата на Торонто е на чекор од шампионскиот трофеј во НБА лигата. 
 
„Рапторси“ ноќеска забележаа победа на гостувањето кај актуелниот првак Голден Стејт со 105: 92 со што поведоа со 3:1 во победи, па сега на тикот на Канада му недостасува уште една победа за историската прва титула.
 
Каваи Ленард повторно беше на лидер на Торонто остварувајќи „дабл-дабл“ учинок со 36 поени и 12 скока, додека Серж Ибака постигна 20, а Паскал Сикам 19 поени.
 
Клеј Томпсон, кој поради повреда го пропушти претходниот натпреварот синоќа беше најефикасен кај „воините“ со 28 поени, еден повеќе од Стеф Кари .
 
Првата „меч топка“ за шампионскиот трофеј Торонто ќе ја има веќе во вторник наутро и тоа пред домашната публика.