Свет
30. September 2021 - 10:40

Торнадо во Германија: Повредени повеќе лица

Силно торнадо поминало вчера низ германскиот крајбрежен град Кил и зад себе оставило голема штета. Повредени се 7 лица, од кои три потешко.

Торнадото откорнувало кровови од куќи и кревало чамци од вода, а на терен биле полицијата и пожарникарите, кои помогнале во спасување на луѓето и чистењето.