Балкан
27. January 2019 - 13:21

Торнадо направи пустош во познатото турско летувалиште: Превртуваше автобуси, автомобили, авиони... остави апокалиптична глетка

Торнадото кое ја зафати Анталија, една од омилетните туристички дестинации во Турција за македонските граѓани нанесе и голема материјална штета врз куќите и деловните објекти, а има и повредени.

Најмалку 12 лица се повредени кога петто торнадо во изминативе 4 дена ја зафати провинцијата Анталија на југот од Турција, каде превртуваше автобуси и оштети авиони и аеродромот.
 

Гувернерот на Анталија Мунир Каралоглу рече дека во бурата значителнос е оштетени два авиони и полициски хеликоптер. Силното невреме, бута и торнадото направија хаос во овој дел од Турција.

Силниот ветар превртуваше возила, носеше покриви од куќи и корнеше дрвја од корен. Уништеници се и многубројни пластенции, возила, чамци...

Локалниот жител Хасан Јилмаз изјави дека потполно се уништени некои куќи.

Министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез потврди дека се онеспособени околу 260 трафостаници во Анталија.

Според неговите зборови погодени се околу 80.000 домаќинства, а околу 20.000 жители останале без струја.

„Екипите се на терен и ќе се работили онолку колку што дозволуваат временските услови“, изјави Донмез.