Loading Video...
Свет
25. јуни 2021 - 12:21

Торнадо го погоди југот на Чешка, најмалку три лица загинаа

Торнадо го погоди југот на Чешка. Најмалку три лица загинаа во катастрофалното невреме што го зафати регионот Јужна Моравија во близина на границата со Словачка и Австрија, а повеќе од 200 лица се хоспитализирани.. Причинета е огромна материјална штета.

Уништени се голем  број на куќи, автомобили и други објекти во градовите.  Според проценките на експертите торнадото достигнало  брзина од 332 км на час. Станува збор за најсилно невреме во модерната историја на оваа земја. Во тек е потрагата по преживеаните луѓе заглавени во рушевините.