Фудбал
12. December 2017 - 10:21

Торино го изненади Лацио

Фудбалерите на Торино славеа во Рим против фаворизираниот Лацио со 3-1 во последниот меч од 16. коло во Италија.

Беренгер, Ринкон и Едера беа стрелци на головите за гостите кои ги предводи Синиша Михајловиќ.
Со оваа победа Торино се искачи на 8. место додека Лацио пропушти можност да го стигне градскиот ривал Рома која има 3 бода повеќе.