Фудбал
7. February 2016 - 10:14

Toрес во клубот „100“

Атлетико Мадрид, со пресврт, го победи Еибар (3:1), а натпреварот ќе го памети Ферандо Торес, тој постигна на еден гол, кој е негов 100-ти во дресот на Атлетико.
 
Атлетико на овој меч настапи во ‘шарен’ состав, кој веројатно никогаш повеќе нема да игра заедно. Поради повреди и суспензии, Диего Симеоне, имаше само еден играч од стандардната четворка во одбраната. Поради тоа како централен дефанзивец заедно со Хименез играше Саул Нигез, кој во 48.минута, направи грешка и му овозможи на Кека да му донесе водство на Еибар на „Винсенте Калдерон“.
 
Потоа Атлетико направи пресврт во интервал од шест минути, Коке два пати одлично изведе корнер, а голови постигнаа Хименез и Саул Нигез. Торес во 92.минута ја потврди победата на Атлетико.
 
Фернандо Торес го постигна својот втор гол сезонава, а прв уште од септември кога беше стрелец токму против Еибар.
 
Торес беше член на Атлетико од 2001 до 2007 година, потоа играше во Ливерпул, Челзи и Милан, а на „Винсенте Калдерон„ се врати пред една година.