Македонија
14. August 2018 - 17:21

Топлото време предизвика зголемен број повици на брзата помош во Охрид

Во екот на сезоната охридската брза помош со полни раце работа.Дневно се примаат преку 30 повици а голем е бројот и на амбулантските прегледи на домашните и странските туристи кои одмараат на брегот на езерото а  имаат здравствени проблеми  . Лекарска помош бараат пациенти од сите возрасти и тоа најчесто  за стомачни вирози, покачен крвен притисок, колапси поради високите температури,дехидрираност а има и голем број на интревенции при сообраќајни несреќи и давеници.

Напливот на гостите и топлото време ги зголемија интервенциите на брзата помош која работи под полна пареа а дополнително за викендите се пренасочуваат пациентите од матичните доктори.

Екипите од итната медициска помош и покрај тоа што се трудат максимално да одговорат на барањата на пациентите се соочуваат со недостаток од персонал .Моментално во брзата помош во Охрид во смена има екипи составени од по двајца доктори,три медицински сестри и двајца возачи.