Бизнис
19. February 2019 - 19:50

Топлото време ќе ги намали сметките за струја

Тие што се греат на струја сериозно штедат деновиве. Топлото време ги искули грејните тела, сметките ќе се намалат. Кој најмногу ќе заштеди на овие температутри? Граѓаните кои се грат на клима дефинитивно се први на листата.

Заштеди ќе има и кај тие што с егреат на пелети или дрва, но помалку. За оние што се приклучени на централно греење пак од БЕГ велат дека топлото време ќе им донесе пониски израмнителни сметки.

Разликата од прогнозираните авансни сметки и колилината топлина која сега се испорачува ќе биде изранета во сметките за мај, јуни и јули.

„Висината на порамнителните сметки е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и секако од количината на испорачана топлинска енергија во согласност со надворешните временски услови“, велат од БЕГ.

Граѓаните пак кои се исклучени од БЕГ и натаму ќе плаќаат паушал.  Од регулаторна велат дека до март ќе се знае дали и ќе продолжат да плаќаат и колку во тој случак би изнесувал паушалот.  До крајот на неделава  ману треба да им ги  достави анализите  за влијанието на исклучените врз системот за греење. Студијата од академиците ќе биде основата врз која ќе се  крои  новиот правилник за снабдување со топлинска енергија.

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова