Македонија
26. јуни 2019 - 16:33

Топлото време донесе и труења од храна - најчеста причина е салмонела

Со високите температури почнаа и труењата со храна. Изминатите денови неколку граѓани кои консумирале домашно подготвена храна која не била чувана во соодветни услови со симптоми на гадење, повраќање и дијареа побарале помош на Инфективна. Од Клиниката велат дека станува збор за поединечни случаи.

-Пациентите даваат податок дека консумирале лошо чувана храна која не се чувала во соодветни услови, изјави прим. д-р Жаклина Шопова, Клиника за инфективни болести.

Бидејќи доаѓаат уште потопли денови инфектолозите советуваат да се внимава каква храна се консумира за да не дојде до труење.

 -Секогаш како препорака кажуваме да се консумира свежа храна, термички да биде обработена, додаде д-р Шопова.

Во спротивно првите симптоми на труење можат да се јават само неколку часа по конумирањето на небезбедна храна, а доколку навреме не се побара лекарска помош може да дојде до дехидрирање на организмот.